Испечати

Обланда ролат со спанаќ и печурки

Обланда ролат со спанаќ и печурки

Состојки

  • 1 лист обланда
  • 220гр спанаќ
  • 3 лажици потпечен сусам
  • 350гр. свежи шампињони
  • 1/4 главица кромид
  • За палачинки
  • 400мл. вода
  • 1 неполна лажичка сол
  • 2 лажици масло
  • по потреба брашно

Подготовка

Најпрвин подгответе ги палачинките.
Во сад ставете ги водата, солта, маслото и постепено додавајте брашно додека смесата за палачинки ја добие потребната густина.
Во загреана нелеплива тава со сосема малку масло испржете ги палачинките.

Во тава на оган ставете го со исцепканиот спанаќ да се пропржи сосема кратко. Посолете и тргнете го од оган.

Во друга тава со малку масло ставете ги шампињоните исечени на листови и сецканиот кромид.
Пржете додека испари водата што ја пуштаат печурките.
Посолете, наросете мелен црн бибер и тргнете ги од оган.

Листот обланда ставете го во влажна крпа да омекне.
Потоа врз обландата ставете го спанаќот и одозгора нанесете го потпечениот сусам.
Наредете 4 палачинки и врз нив ставете ги пропржените печурки.
Завиткајте ја обландата во ролат и завиткајте ја во најлонска фолија.
Ставете ја во фрижидер да отстои преку ноќ.

Пред служење оставете го ролатот 30 минути на собна температура.

Еве ова е една моја идеја за посен ролат кој може да се најде на Новогодишната трпеза.