Бомбички од торта (cake pop)
Состојки
- За тортата
- 200гр. путер
- 200гр. шеќер
- 200гр. саморастечко брашно
- 3 јајца
- 1 лажичка естракт од ванила
- За бомбичките
- 150гр. шеќер во прав
- 75гр. рикота
- За глазура
- 250гр. млечно чоколадо
- 5 лажици масло за јадење
- за украсување
- по потреба конфети од шеќер
Подготовка
Подготовка на тортата
Вклучете ја рерната на 180 степени. Во сад за матење со миксер уработете омекнтиот путер, шеќерот и брашното. Матете додека не добиете пенеста крема. Во садот за матење додадете ги и јајцата едно по едно истовремено работете со миксерот. На крај додајте го и естрактот од ванила. Префрлете ја смесата во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Печете во калап бр. 20 околу 50 минути.
Готовата торта оставете ја да излади и ставете ја во фрижедер да стои 1 ден.
Подготовка на бомбичките
После еден ден ладење тортата извадете ја од фрижидер. На тортата остранете и ја кората со нож. Во поголем сад со раце изронете ја тортата, а може да си помогнете и со вилушка. Во садот додајте ги шеќерот во прав и рикотата и месете со раце додека не добиете меко тесто. Од тестото со раце направете топчиња. Пожелно е после секое 6 топче да се мијат рацете. Направете ги сите топчиња и ставете ги во фрижидер да остојат 1 час додека се зацврстат.
Подготовка на глазутата
Глазурата подгответе ја 5 минути пред да ги извадете топчињата од фрижидер.
На оган во сад на пареа растопете го чоколадото и маслото за јадење.
Глазирање и декорација на бомбичките
Извадете ги топчињата од фрижидер, боцнете ги на стапчиња (пластични или дрвени) потопете ги во глазурата и почекајте да се исцади чоколадото. Потоа ставете ги во вискои чашки или јас би ви препорачала да ги боцнете во морска пена.
Секогаш кога ќе го глазирате второто топче, украсете го првото и се така. Ако го украсете веднаш конфетите може да ви се тркалат по глазурата, а вака ќе ви биде поедноставно.
Излегуваат околу 35 бомбички.
Пробајте ги за празниците не се сомневам дека најмалечките многу ќе ги усреќите.