Испечати

Сируп за искашлување од рузмарин

Сируп за искашлување од рузмарин

Состојки

  • 3гранки рузмарин
  • 3 лимони
  • 250гр шеќер
  • 1л вода

Подготовка

Лимонот се мие и се потопува во вода во која има 1 лажица сол и 1лажица сода бикарбона.Така одстојува 24 часа, а потоа убаво се мие.
Во 1 литар вода се ставаат лимоните исечени на парчиња и рузмаринот и сето тоа се става на варење. Врие додека течноста не испари на пола, а потоа се цеди убаво низ газа. Од како ќе се исцеди на течноста се додава шеќерот и се става само да зоврие колку да се стопи шеќерот, па се трга настрана да се олади и се собира во стаклени теглички.

Овој сируп помага при искашлување и го подига имунитетот. Кај нас рузмаринот многу се користи така да преку цела зима го правиме сирупов. Одличен е и како додаток во чај и компот.