Испечати

Моите празнични коцки

Моите празнични коцки

Состојки

  • 150гр. шеќер
  • 150гр. вода
  • 150гр. мелени ореви
  • 100гр. брашно
  • 1 лажица масло
  • 1/2 лажичка печиво
  • 150гр. чоколадо
  • 2 лажици мармалад од шипки
  • 1лажица маргарин
  • за фил
  • 500гр. соино млеко
  • 300гр. шеќер
  • 400гр. соино млеко
  • 200гр. брашно
  • 2 кесички ванила
  • 200гр. маргарин коцка
  • и уште
  • 2 лажици мармалад од шипки за декорирање

Подготовка

Шеќерот и водата се зовираат на оган, да се истопи цел шеќер, се додаваат оревите, се трга настрана и се подоладува. Се става брашно, масло, печиво, се меша смесата и се излева над хартија за печењево долгнавест калап бр.28.
Се печи на 180 во рерна. Над испечена кора се полева смеса од топено чоколадо со маргарин и мармалад од шипка, убаво да се израмни.
На оган се става млекото и шеќерот за да се загреат, настрана се меша млекото со брашното, како за пудинг, па се додава таа мешавина во течноста која веќе достигнала точка на вриење над оган. Се вари кремот постојано мешајќи на тивко, ванила следува и се лади.

Настрана во сад се бие кремасто маргаринот, се бие исо ладен крем. Дел од овај крем (околу 1 шоља) се трга настрана и се става во него мармалад од шипки - ќе послужи за декорација. Над делот со топено чоколадо се става сега и белиот крем, со делот од крем во кој додадовме мармалад од шипки се декорира по избор.