Видео рецепт: Колбаси во тесто со Сос од кромид
Состојки
- 5 големи колбаси
- 100 грама брашно
- 1 јајце
- 3 супени лажици оригано
- 300 милилитри млеко
- 1 голем бел кромид
- 1 говедска коцка за супа
- малку Вода
- Ќе ви треба и:
- малку Сол, бибер и маслиново масло
Ова е омилен оброк во англиските домаќинства кој многу малку е познат во светот. Се работи за добитна комбинација од колбаси и тесто со зачини. Можеби ви звучи малку чудно, но ова е многу вкусна вечера едноставна за подготовка!
Состојки
- 5 големи колбаси
- 100 грама брашно
- 1 јајце
- 3 супени лажици оригано
- 300 милилитри млеко
- 1 голем бел кромид
- 1 говедска коцка за супа
- Вода
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола, Грил Тава и Округла тава.
Подготовка
Чекор 1: Пред да започнеме со главното јадење, ќе направиме богат сос од кромид. Исечкајте го кромидот и покријте го со вода во тава и додадете ја коцката за супа. Варете додека кромидот не омекне и сосот не се згусне.
Чекор 2: Потпечете ги колбасите околу 10 минути за да добијат боја – тие ќе продолжат да се печат и во рерната, но вака ќе додадете поубав вкус.
Чекор 3: Подгответе го тестото со тоа што ќе ги измешате сите состојки заедно – јајцата, брашното, млекото, солта и ориганото. Загрејте ја тавата во рерна пред да ги ставите во неа колбасите и тестото, за да бидете сигурни дека тестото веднаш ќе почне да се пече. Ставете малку маслиново масло, наредете ги колбасите и распоредете го тестото околу нив.
Чекор 4: Печете во рерна 20 минути, додека тестото не нарасне околу колбасите и не добие златна боја. Извадете ги од рерна и веднаш прелијте ги со сосот од кромид.
Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.
СОВЕТ: Ние во тестото додадовме суво оригано, но откако ќе го послужите можете да додадете и сенф во прав или пак свеж сенф. Јадете веднаш затоа што кога ќе се олади, тестото може да се собере и да ја изгуби формата многу брзо.