Кикирики торта
Состојки
- Потребно за 1 и 3 кора
- 7 белки
- 7 лажици шеќер
- неколку капки лимонов сок (или оцет)
- 5-6 лажици џем од смокви(или слатко)
- 150-200 гр мелени непечени кикиритки(може и печени)
- 5-6 лажици брашно
- 1 пакетче прашок за пециво
- Потребно за црн фил
- 250 мл млеко
- 13-14 лажици шеќер
- 10 жолчки
- 2 лажици брашно
- 100 гр чоколадо
- 250 гр маргарин
- Потребно за жолт фил
- 500 мл млеко
- 8 лажици шеќер
- 2 жолчки
- 2 пакетчиња пудинга од ванила
- 100 гр бело чоколадо
- 130 гр маргарин
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
Подготовка
Подготовка на 1 и 3 кора
1. Се матат пенасто белките со шеќерот
2. На крај се додава лимоновиот сок или оцет
3. Се исклучува миксерот и се додаваат кикиритките, џемот и брашното измешано со пецивото
4. Се дели смесата во две тави бр 26 обложени со хартија за печење
5. Се пече на тепература од 180 С
Подготовка на 2 кора
1. Се мати по иста постапка како и претходните две кори, но место џем се додава кокос
2. Се пече во едно тавче бр.26 обложено со хартија за печење
Подготовка на црн фил
1. Млекото со шеќерот се завриваат
2. Се додава во млекото претходно изматените жолчки со брашното
3. Се вари како пудинг
4. На крај се додава чоколадо да се растопи во кремот
5. Откако ќе се излади кремот му се додава претходно изматен маргарин
6. По желба може да се додаде и рум малку
Подготовка на жолт фил
1. Во зовриено млеко со шеќер се додаваат претходно изматените жолчки со растворените пудинзи и ванилите
2. Се вари крем и на крај му се додава 1 бело чоколадо да се растопи
3. Се лади и се соединува со претходно матениот маргарин
Тортата се филува
1 кора
Црн фил
2 кора
Бел фил
3 кора
Црн фил
Прекрасен е овој кикирики вкус!
Декорацијата озгора Ви ја препуштам вам по ваша желба, а јас ја декорирав со неизбежните новогодични омилени ликови - Дедо Мраз и Снешкото. Пријатен апетит !