Видео рецепт: Овесни колачиња
Состојки
- 175 грама брашно
- 75 грама овесни снегулки
- 175 грама шеќер
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка прашок за печиво
- 175 грама путер
- 2 супени лажици мед
Овој рецепт го научивме од една баба која со години ги подготвуваше колачињава за децата и внуците и решивме да го поделиме со вас. Богати благи колачиња со мед и путер, полни со овес, кои ќе ви дадат енергија во ладните зимски денови.
Подготовка
Чекор 1: Во пластичен сад измешајте ги сите суви состојки со лажица. Брашното, шеќерот, овесот, сода бикарбоната и прашокот за печиво.
Чекор 2: Загрејте ги путерот и медот во тава и убаво измешајте ги, па потоа оставете ги да се оладат малку. Откако смесата ќе се олади, додадете ја во длабокиот сад и убаво мешајте за да добиете тесто.
Чекор 3: Тестото ставете го на работната маса и поделете го на 16 парчиња. Од секое парче направете по една топка.
Чекор 4: Печете по 8 топчиња истовремено, со што внимавајте во тавата да има доволно место тестото да се рашири. Печете на 170 степени 12-15 минути. Кога ќе бидат готови колачињата ќе бидат меки, но откако ќе се оладат ќе се зацврснат – затоа не ги препекувајте.
Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.
СОВЕТ: Колачињата ги врзуваме со панделка како подароци, или пак во стаклена тегла. Ова е убава идеја за поздрави слатки во новогодишните пакетчиња!