Испечати

Баклава со попарен орев и цимет

Баклава со попарен орев и цимет

Состојки

  • 500гр. тенки кори за баклава
  • 250гр. вода
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици гриз
  • 220-250гр. мелени ореви
  • 1/8 лажичка цимет
  • 1/2 кора рендана кора од лимон
  • 700гр. вода (за шербет)
  • 800гр. шеќер (за шербет)
  • 2 кесички ванила (за шербет)
  • 400гр. масло за попрскување

Подготовка

Нашата омилена балкава, едноставна, вкусна, крцкава надворешност и мека внатрешност е се што ја карактеризира неа, плус економична.
Овoј пат ја направив во тригони, така од секоја кора по 1 парче баклава.
Редоследот е следен:
1. Водата со шеќерот се ставаат да се сварат, се додава гриз и се вари заедно уште 1 минута. Се трга настрана, веднаш се ставаат оревите внатре и циметот, кора од лимон, се изедначува смесата. Така е готов филот.
2. Се става маслото во погоден сад со супена лажица во него. Маслото е спремно за попрскување на корите.
3 Секоја кора се изработува поединечно, прво се попрскува масло со врв на лажицата свртен надолу, се преклопува, пак се попрскува масло,се преклопува пак исто по должина, така се добива кора со ширина од некаде5-6см.
4. На ќошот најгоре (оној до нас близок) се става по 1 мало кафено лажиче фил, се зема самото ќоше од кора и се преклопува на спротивната страна, така се образува триаголник. После се витка на ист начин надолу до крај, наизменично од двете страни, се прави ,,тригона,,
5. Се редат над хартија за печење, се премачкуваат со вжештено масло и се печат на 180 додека заруменат, па се намалува температурата на 150 така нека се сушат добри 45мин. ако сакате да се покрцкави.
6. Додека се печат се прави шербетот така што треба да се свари водата со шеќерот и да поварат заедно 8-10 минути на средна температура. Кога се тргни настрана се ставаат ванилите. Баклавата изладена се полева со топол шербет, малку да се подизлади прво. Најдобро е преку ноќ да си одстои во шербетот, потоа сладете се.