Чоколаден куглоф
Состојки
- 150гр. маргарин
- 150гр. шеќер
- 1 ванила
- 4 јајца
- прстофат сол
- 150гр. црно чоколадо за готвење
- 250гр. брашно
- 1 и1/2 прашок за пециво
- 10 супени лажици млако млеко
- сецкани оревчиња и суво грозје (по желба)
- За глазура
- 150гр. црно чоколадо за готвење
- 4-5 супени лажици масло
- 2 супени лажици рум (по желба)
Подготовка
Убав чоколаден куглоф, кој можи да ја краси трпезата за секоја пригода.
Маргаринот ( омекнат на собна температура) пенасто се мати. Постепено му се додава шеќерот и ванилата. Потоа се додаваат жолчките, една по една (на секои 30 секунди) и се миксира се додека не се добие убава кремаста маса. Па се додава растопеното и подизладено чоколадо, па сокот од портокалите. Убаво се изедначува. На оваа смеса се додава снегот од белки, кој се мати пред да се додади во жолчките. За да биде поцврст снегот можи да му додадеме 1/3 од вкупниот шеќер при матењето, откако ќе се изматат убаво во густа пена белките, постепено се додава шеќерот. Се лесно се промешува и на крај се додава претходно помешаното и просеаното брашно со пециво со наизменично додавање на млекото (неколку лажици брашно, па 2-3 лажици млеко). Треба да се добие смеса која е густа, како фил и тешко да паѓа од лажица, во зависност од тоа можи да додадиме уште малку млеко. Со брашното помешано се додава и кората од портокалот, претходно попарено и исцедено и исушено суво грозје, сецкани оревчиња и др. суво овошје по желба...
Се истура во намрсен куглоф со масло и посипан со брашно.
Се печи на 200 Ц. степени 40 мин. или во зависност од вашата рерна...
За глазурата се топи чоколадото со маслото, па му се додава румот, се остава малку да подизлади и се прелева врз изладениот куглоф....
***Инаку без портокалите и додатоците на сувото грозје, оревчињата и слично е рецептот за познатата Сахер торта...
И уште можи да се пресече на два дела и да се премачка со тенок слој мармалад од кајсии, па да се чоколадира...