Посни полжавчиња со маслинки и сенф
Состојки
- 1 кг брашно
- 1 зафатен квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
- 1 филџан ( 125 мл) масло
- ½ литар затоплена кисела вода
- 300 грама сецкани маслинки
- За премачкување
- 3 лажици масло
- 2 лажици сенф
- ½ маргарин
Подготовка
1. Во сад за месење се ставаат брашното, зафатениот квасец, шеќерот, солта, маслото и киселата вода и се зафаќа тестото.
2. Откако убаво ќе го измесиме се остава да кисни 15 минути.
3. Потоа го делиме на 4 дела. Од секој дел се сучи правоаголна кора и врз секоја кора ставаме дел од исецканите маслиники. Секоја кора ја виткаме во ролат и сечеме парчиња со дебелина од 1 см. Парчињата ги редиме во плех на кој има хартија за печење. Се оставаат да киснат 15 минути.
4. Пред да се печат се премачкуваат со смеса која е направена од масло и сенф и на секое парче се става по мало парченце маргарин. По желба врз секое полжавче може да се стави и буковска пипер пред да се стави маргаринот.
5. Се печат 15 минути на температура од 180 степени. Додека се печат во рерната се става под плехот мало тенџерче со вода да врие.