Испечати

Миксер мекици

Миксер мекици

Состојки

  • тесто
  • 700 грама брашно
  • 700 мл топла вода
  • 1 пакетче инстант квасец
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • за посипување шеќер во прав по вкус
  • околу 300 до 400 мл зејтин или по потреба количина за пржење на мекиците

Подготовка

Во сад за матење ставете го просеаното брашно, јајцата и другите состојки. Со миксер уработете ја добро смесата, покријте го садот и оставете да стаса тестото 30 минути. Откако еднаш ќе надојде со миксерот пак промешајте го тестото и оставете пак да надојде.
После дваесетина минути со голема лажица, која претходно ја намрсуваме со зејтин да не ни се лепи тесто по неа бидејки истото е прилично течно, ставаме од истото во врел зејтин и ги пржиме од двете страни додека не добијат убава златно црвеникава боја.
Кога се испржени веднаш ги посипуваме со шеќер во прав.К ако и обично и овојпат експериментирав со овие мекици. Можеби ќе ви изгледа дека е премногу вода во дозата, но не е проблем. Мекиците се многу меки и крцкави.
Се надевам дека убаво ќе се заблажите.
Ви посакувам пријатен апетит.