Испечати

Посни сникерс коцки со јаворов сируп(без масло)

Посни сникерс коцки со јаворов сируп(без масло)

Состојки

  • Основа
  • 200гр. урми
  • 100гр. печени мелени кикирики
  • Кикирики дел
  • 200гр. печени кикирики
  • 4 лажици млака вода
  • 4 лажици јаворов сируп (мед, маџун)
  • Други состојки
  • малку кикирики за од горе
  • за чоколадирање какао и јаворов сируп

Подготовка

1. За основата, урмите измелете ги на машина за мелење и спојте ги со мелените кикирики додека добиете компактна смеса. Расплескајте ја смесата во форма по желба, со дебелина 7-8мм. Јас користев пластична кутија со димензии 9х20см.
2. Кикириките ставете ги во блендер и блендирајте долго долго. Правете чести прекини за да одлепите она што ќе се нафати по страните. Правете и пауза за да не биде блендерот за една употреба =))).
Кога веќе смесата ќе почне да се слепува додавајте по 1 лажица вода и јаворов сируп и блендирајте да се соедини. Така на 4 пати (или ако сакате поблаго додадете и повеќе). Треба да добиете леплива смеса, односно фаза пред да добиете путер од кикирики (на сликата подолу). Нанесете ја врз првиот дел и убаво со раце израмнете.
3. Од горе наросете сецкани кикирики и благо притиснете. Оставете малку во фрижидер. За глазурата на тивок оган ставете 2 полни лажички какао и 3 лажици јаворов сируп да се растопи и да се спои. Нанесете од горе и брзо распоредете со шпатулка затоа што брзо се стегнува. Најубаво да ги оставите преку вечер за да се спојат вкусовите, но добри се и по 1 час.
Мене ми излегоа 15 коцки од оваа доза. Малку се, но вреди да ги пробате. За оние што не сте љубители на урми, верувајте нема да ги осетите =)

Добар апетит =)