Видео рецепт: Киш пита со сино сирење
Состојки
- За ЛИСНАТОТО ТЕСТО ќе ви треба:
- 250 грама брашно
- 110 грама путер
- 1 лажичка сол
- 4-5 супени лажици ладна вода
- За ПОЛНЕЊЕТО ќе ви треба:
- 5 големи јајца
- 200 милилитри млеко
- 100 грама сино сирење
- Ќе ви треба и:
- малку Сол и бибер
Киш пита традиционално се поврзува со Франција и најпознатата верзија на Киш е со сирење и сланина, но ние ќе ставиме сино сирење, кое има силен вкус. Овој рецепт е полн погодок.
Состојки
За ЛИСНАТОТО ТЕСТО ќе ви треба:
- 250 грама брашно
- 1 лажичка сол
- 110 грама путер
- 4-5 супени лажици ладна вода
За ПОЛНЕЊЕТО ќе ви треба:
- 5 големи јајца
- 200 милилитри млеко
- 100 грама сино сирење
Ќе ви треба и:
- Сол и бибер
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за Тарт.
Подготовка
Чекор 1: Разликата помеѓу добар и лош Киш е најчесто во тестото. Почнуваме со брашното, па го додаваме ладниот путер во мали коцки и убаво ги мешаме со раце за да добиеме хомогена смеса. Попрскајте со малку сол и ставете го на работната маса.
Додадете 4 – 5 супени лажици ладна вода во средина и убаво размесете го тестото. Потоа завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер да се олади 20 минути.
Чекор 2: Извадете го тестото од фрижидер и оставете го да добие собна температура, па потоа ставете го на набрашнета работна површина и направете од него кружна форма доволно голема да ја ставите во тава. Ставете го тестото во тавата за тарт премачкана со масло и притиснете го на страните пред да го исечете вишокот.
Покријте го тестото со фолија и врз него ставете ориз. Печете 20 минути на 160 степени.
Чекор 3: Додека тестото се пече, ќе ја направиме смесата со која ќе го полниме Кишот. Тоа е едноставен рецепт од 5 големи јајца, 200 милилитри млеко и 100 грама дробено сино сирење. Убаво зачинете.
Чекор 4: Тргнете ја прекривката од тестото и наполнете ја питата со смесата од јајца и млеко.
Вратете го во рерна уште 30 минути на 160 степени.
Послужете ја, по можност топла, само што ќе ја извадите од рерна.
Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.
СОВЕТ: Новата Тарт тава од Делимано ве прави да изгледате одлично пред вашите роднини и пријатели. Киш е идеално јадење за на пикник летно време, или пак да го јадете топол во ладните зимски денови.