Зебра колачи со капучино, бадеми и портокал
Состојки
- Основно тесто
- 400 гр путер
- 200 гр шеќер во прав
- прстофат сол
- 1 жолчка
- 1/2 кг брашно
- Додатоци за 1 дел
- 1 пак. ванилин шеќер
- 1 рендана кора од портокал
- 3 лажици исцеден сок од портокал
- 50 гр мелени бадеми
- Додатоци за 2 дел
- 50 гр чоколадо за готвење (растопено на пареа)
- 20 гр какао
- Додатоци за 3 дел
- 20 гр капучино
- 3-4 лажици рум
- 50 гр мелени бадеми
- за лепење на корите потребна е белка
Подготовка
Убаво изматете ги путерот и шеќерот. Додадете ја жолчката, солта и на крај со раце месејќи додадете го брашното. Измесете глатко тесто и поделете го на 3 дела. Во секој дел додадете ги состојките наведени во составот и убаво измесете. Секој дел завиткајте го во стреч фолија. По желба и за полесно развлекување покасно, секое тесто малку расплескајте го во фолијата. Оставете ги во фрижидер да одстојат 24 часа.
Потоа, секое тесто на хартија развлечете го во правоаголник со дебелина од 2-3 мм. Вака развлечените теста се редат 1 врз друго, почнувајќи од тестото со капучино вкус, па врз него чоколадното и на крај она со вкус на портокал. При редењето, помегу себе тестата се премачкуваат со благо разматена белка. Вака наредените теста повторно се ставаат во фрижидер на 1 час.
Потоа, тестото се сечи на траки со ширина од 3 см. Со белката се лепат 1 врз друга по 2 од исечените траки, внимавајќи на редоследот на боите на слоеви. Така спратирани траките се обвиткуваат со стреч хартија и повторно се оставаат во фрижидер да преноќат.
Следниот ден секоја трака се сечи на 1 см. Секое колаче се реди во плех (легнато, на горе да се гледаат слоевите) и се печи на 170 степени 20на мин.
Овие колачи, колку подолго стојат, толку се поубави и со текот на стоењето се повеќе и постепено ги откриваат сите вкусови од својот состав.
Можат долго да стојат, добро затворени во кутија.