Благи принцезички на мој начин
Состојки
- 200 мл вода
- 100 мл зејтин
- 2-3 лажици шеќер
- 150 гр брашно
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 4 јајца
- 800 мл млеко
- 2 пудинга од ванила
- 7-8 лажици шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 100 гр бело чоколадо
- 100 гр маргарин
Подготовка
СМЕСА ЗА ПРИНЦЕЗИЧКИТЕ
1. Во тенџере на огин се става водата да зоврие со шеќерот
2. Се додава брашното со пецивото и ванилата. Се промешува.
3. Веднаш се згуснува и се трга од огин.
4. Се мати со миксер и се додаваат јајцата во тестото едно по едно.
5. Со смесата се полни шприц за колачи или калап за тулумби и со него се прават форми. Излегуваат околу 20-25 парчиња, зависи од тоа колкава големина ќе ги направите. Може да ставите и сусам врз принцезичките пред да ги печете. Јас не ставив овој пат.
6. Се печат на 180 С околу 20-тина минути.
ФИЛ
1. Млекото, шеќерот и пудингот се варат (пудингот претходно размешан во малку од млекото).
2. Се трга од огин и се додаваат ванилите и чоколадото искршено на коцки и се меша пудингот додека се растопи чоколадото.
3. Се остава да излади.
4. Се мати маргаринот настрана и се додава во него изладениот пудинг.
5. Се соединуваат пудингот и маргаринот
Принцеските откако ќе се испечат се сечат на два дела. Се филува долниот дел со филот кој претходно е ставен во шприц за колачи. Горниот дел од принцеската се става како капа. Се посипуваат со прав шеќер и со течно чоколадо.
Брзи се, лесни се и сите деца ги обожаваат. А и возрасните!!!
Пријатен апетит !