Какао колаченца со кикирики путер
Состојки
- За какао тесто
- 190 гр сенаменско брашно
- 95 гр какао
- прстофат сол
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 100 гр шеќер
- 110 гр кафеав шеќер
- 115 гр путер на собна температура
- 65 гр кикирики путер на собна температура
- 1 јајце на собна температура
- 1 кесичка ванилин шеќер
- За полнење од кикирики путер
- 90 гр шеќер во прав
- 195 гр кикирики путер на собна температура
Подготовка
Загрејте ја рерната на 190 Ц.
На два плеха од шпоретот ставете хартија за печење.
Во еден средно голем сад помешајте ги со жица или просејте ги брашното, солта, содата и какаото. Оставете на страна.
Во еден поголем сад пенесто изматете ги путерот и путерот од кикирики, додајте ги трите вида шеќер и добро изматете. Додајте го и јајцето, па матете се добро да се соедини.
Додајте го брашното и измешајте со шпатула да добиете хомогена смеса. Оставете го тестото кратко на страна додека да го подготвите полнењето.
Во мал сад со жица или со вилушка добро измешајте ги шеќерот во прав и путерот од кикирики. Од добиената смеса направете 24 мали топчиња.
И какао тестото поделете го на 24 дела, секој расплескајте го на дланката, ставете во средината по едно топче од кикирики путер и добро затворете, па повторно оформете топче.
Наредете ги во плехот, на растојание од околу 4 цм и лесно притиснете ги со дното на чаша одозгора, малку да се сплескаат.
Печете ги во загреаната рерна 7 - 9 мин. Готови се кога ке го изгубат сјајот и сосема малку ќе распукаат по површината.
Оставете ги во плехот 5 минути, па преместете ги на решетка и оладете ги до крај.
Чувајте ги во добро затворена лимена кутија.