Посни палачинки со чоколаден крем
Состојки
- 1 шоља бело брашно
- 1 шоља интегрално брашно
- 1 шоља ржано брашно
- 1 шоља јачменово брашно
- 5-6 шољи кисела вода
- 1 лажичка сода бикарбона
- прстофат цимет, сол, шеќер
- малку зејтин
- за чоколадниот крем
- 100 мл вода
- 100 гр шеќер
- 50 гр какао
- 70 гр чоколадо со 70 % какао
- малку рум
Подготовка
Прво го подготвуваме кремот.
Водата и шеќерот треба да зовријат, па се додава какаото. Малку да поврие и се трга на страна. Го ставаме чоколадото да се растопи и малку рум за вкус. Ние го сакаме тој вкус, може и да го изоставите. Кремот е спремен и таман малку ќе се подизлади додека ги подготвуваме палачинките.
Подготовка на палачинките
Сите состојки за смесата за палачинки ги промешуваме. Вода ќе видите колку ќе прими брашното, па додате ако треба уште, а смесата треба да биде малку погуста од класичните палачинки. Ги печеме на тавче кое не лепи. Излегуваат околу 10-на палачинки. Со чоколадниот крем што ни е подготвен, би требало веднаш да се јадат, зошто кремот може малку да се стегне кога сосема ќе се излади.
Шољите се од 100 мл.