Посни палачинки луковачи (без потпекување)
Состојки
- 1кг брашно
- 1кг и 100гр. млака вода
- 1 мало лажиче сол,на врв на нож печиво
- за луковача
- 500гр. вода
- 50мл. масло
- 1 мало лажиче сол
- 1 глава лук чистен
Подготовка
Овај рецепт традиционално се прави таму во јануари накај Бадник. За посен залак не мислам дека е потребен одреден ден, доволна причина се и било кои посници.
Зите состојки што се запишани за палачинки се мешаат и се остава таа смеса да стои 1-2 саати.
На тавче за плачинки се мачка масло со салфета, па се печат палачинките една по една (по1 кутлача за 1 палачинка).
Во поширок сад се става водата за луковачата, се зоврива со сол и масло. Настрана се сечка лукот и се ставаат парченцата во водата што вари. Малку нека олади додека држат прстите топло, па секоја палачинка се топи во оваа смеса со лук, се мотаат ролни. Најгустиот дел со лук што ќе остане последен се истура најгоре.
Некои ги потпекуваат, ама вака најмеки се не се потсушени, лапни голтни залаци.