Видео рецепт: Печено пилешко полнето со колбаси и праз
Состојки
- 1 големо пиле
- 5 колбаси
- 1 бел кромид
- 1 јаболко
- 1 рака сув (или свеж праз)
- 50 грама путер
- 140 грама лебни трошки
- Ќе ви треба и: Сол, бибер и маслиново масло
Печеното пилешко можеби ви делува како едноставно, секојдневно јадење, и вие сте сосема во право доколку само го печете во рерна, но постојат голем број на начини како да бидете креативни. Еве еден рецепт со полнење од колбаси и други вкусови.
Состојки
- 1 големо пиле
- 5 колбаси
- 1 бел кромид
- 1 јаболко
- 1 рака сув (или свеж праз)
- 50 грама путер
- 140 грама лебни трошки
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Овална Ростер тава.
Подготовка
Чекор 1: Почнуваме со подготовка на полнењето. Ситно исечкајте го кромидот и ставете го во тава со малку путер. Пржете додека да омекне. Потоа исечете ги краевите од колбасите и извадете го месото од нив. Месото додадете го во тавата со кромидот и додадете го и сувиот праз. Во тавата изрендајте го јаболкото и истурете ги лебните трошки. Пржете сè заедно додека не се комбинираат вкусовите. Нема потреба од додавање на други зачини бидејќи колбасите се доволно зачинети.
Чекор 2: Оставете го полнењето да се олади. Исечете го пилето кај вратот и почнете да го полните сè додека убаво не се наполни празнината. Земете остро дрвено стапче и зашијте го пилето со кожата која се преклопува.
Чекор 3: Помешајте половина од путерот со малку сув праз и со смесата убаво премачкајте го пилето под кожата кај градите. Вака ќе додадете вкус и пилешкото ќе биде посочно. Протријте го со маслиново масло, сол и бибер и ставете го во тавата.
Чекор 4: Загрејте ја рерната на највисока температура и ставете ја тавата без капак да се пече за да добиете крцкава кожа. По 10 минути ставете го и капакот и печете 1 час на 170 степени.
Пред да го послужите, оставете го малку да се олади и потоа извадете ги копаните со поткопаните и исечете ги градите на должина за да се гледа месото и полнењето.
Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.
СОВЕТ: Полнењето е традиционално во комбинација со пилешко и мисиркино месо. Обидете се со јаткасти плодови, суво овошје и голем број на тревки. Во секој случај, со употребата на Делимано Овалната Ростер тава, печеното пилешко ќе биде сочно и полно со вкусови.