Испечати

Мусака со чадена свинска буткица

Мусака со чадена свинска буткица

Состојки

  • 1,5кг. компири
  • 500гр. чадена свинска буткица (сигурно толку вкусна ќе биде и со чадено пилешко филе)
  • 4+3 јајца
  • 400гр. кашкавал, плус малку за одозгора
  • зачини сол, мешан сув зачин, црна пипер - се по потреба
  • 5дл. неутрална павлака

Подготовка

Резервирано за љубителите на мусака, малку поинаква, но мошне вкусна, а делот што ќе остане од ручекот, исто толку вкусен, иако изладен, наликува на некоја редена салата...Уживавме и во него...

Подготовка е на следниов начин
1. Компирите се варат со се лушпа. Се оставаат да изладат, а потоа се лупат и тоа 1кг. се сечи на тркалца, а остатокот- 1/2 кг. се ренда на крупната страна на рендето.

2. Чаденото месо претходно се вари, се лади, се чисти од кожата и коските (доколку има) и се сецка на коцки.

3. Четири јајца се варат и рендаат на крупната страна од рендето.

4. Кашкавалот сечен на ленти (така го купуваме или си го сечиме)

5. Се намрсува со малку масло, огноотпорен сад за печење.
Дното го прекриваме со половина од круговите компири. Зачинуваме со сол, мешан сув зачин и црна пипер.
Врз нив се нанесува половина од чаденото месо, па се редат листови кашкавал, врз нив половина од ренданите јајца. Ова е првиот дел.

Се продолжува со слој од ренданите компири (целата количина), повторно се зачинува. Се повторува целата постапка уште еднаш.
Се завршува со кругови компири.
Над нив се нанесува преливот кој се спрема од 3- те јајца, кои добро се матат со вилушка и се додава павлаката. Убаво се соединува смесата, да стане хомогена и се прелива над мусаката. Се нанесуваат зачини и се става кашкавал. Кој сака може тука да додаде рендан пармезан.

6. Се пече ( во претходно загреана рерна) на 200Ц. степени околу 40-45мин.
На здравје!!!