Испечати

Видео рецепт: Костени во шербет

Видео рецепт: Костени во шербет

Состојки

  • 500 грама костени
  • 900 грама шеќер
  • 1 литар вода
  • 2 лажички екстракт од ванила

Овој рецепт е навистина познат во Париз каде костените долго ги варат во благ сируп, сè додека не ја впијат целата течност и не станат благи. Тие се продаваат за многу висока цена. Ова е слична идеја, но ние ги оставаме во тегла со шербет за да добијат благ вкус. Одличен подарок за празниците.

Состојки

  • 500 грама костени
  • 900 грама шеќер
  • 1 литар вода
  • 2 лажички екстракт од ванила

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Длабок сад со рачки.

Подготовка

Чекор 1: Еве одличен совет за тоа како да ги излупите костените. Исечете ги вкрстено костените и потоа варете ги во вода најмногу 10 минути. Веднаш потоа ставете ги во студена вода и оставете ги 2 минути.

Кората ќе се отвори и многу лесно ќе ги излупите.

Чекор 2: Истурете ја водата во која се вареа костените и ставете 900 грама шеќер и 1 литар вода. Варете додека да добиете хомогена смеса и ставете ги костените да се варат околу 20 минути или малку подолго, доколку сакате.

Чекор 3: Земете стерилизирана тегла и наполнете ја со костени. Потоа наполнете ја теглата со шербетот. Затворете ја додека е врела и оставете ја малку да се олади.

Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.

СОВЕТ: Вака подготвените костени можете да ги консумирате како слатко со кафето или пак како состојки за подготовка на други јадења. Ова е одличен подарок со ваш печат. Овој рецепт можете го пробате и со бадеми или лешници и да ни кажете каков ќе биде резултатот!