Испечати

Бомбици валкани во суво овошје

Бомбици валкани во суво овошје

Состојки

  • 100 гр непечени лешници
  • 100 гр овесни снегулки
  • 10-12 свежи урми
  • 1 лажица кокосов путер
  • 2-3 лажици мед
  • 2 лажици сируп од вишни
  • прстофат хималајска сол
  • 1 лажица ленено масло
  • за валкање
  • 2-3 кришки сушен цитрон
  • 20-30 гр непечени кикирики
  • 5-6 суви сливи
  • 5-6 суви кајсии
  • 20-30 гр брусница, кокосово брашно или по желба...

Подготовка

Многу здрави, корисни и енергетски бомбици. Бидејќи сакам брзи рецепти (мислам дека удавив веќе со ова), а и здрава храна во која нема маргарин и многу шеќер, ( иницијативата за ова е на сопругот), овие колачиња ги подготвувам за помалку од половина час.

Подготовка
1. Ги покиснуваме урмите во вода, десетина минути, па ги лупиме и им ги вадиме семките. Заедно со кокосовиот путер, лененото масло и 1 лажица мед ги ставаме во сечко или во блендер да се направи хомогена смеса. Јас додадов и околу две лажици сируп од вишни.
2. Лешниците, непечени, ги мелеме на рачна машинка за мелење ореви. Овесните снегулки ги мелеме на машинка за мелење кафе, да се направат како брашно. Ги соединуваме смесите, додаваме мед, во зависност колку сакаме да бидат благи, додаваме прстофат сол и формираме топчиња.
Бомбиците ги валкаме во сецканото суво овошје или по желба.