Видео рецепт: Цимет ролнички
Состојки
- За РОЛНИЧКИТЕ ќе ви треба:
- 345 грама брашно
- 3 супени лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- 2 ½ лажички квасец
- 120 милилитри вода
- 60 милилитри млеко
- 40 грама путер
- 1 јајце
- За ПОЛНЕЊЕТО ќе ви треба:
- 45 грама путер
- 1 ½ супена лажица цимет
- 50 грама шеќер
- За ГЛАЗУРАТА ќе ви треба:
- 120 грама шеќер во прав
- 1 лажичка ванила
- 2 супени лажици млеко
Овој рецепт многумина го поврзуваат со Америка, но неговите корени најверојатно се од Скандинавија. За негова подготовка потребно е малку повеќе време, но резултатите се навистина одлични. Ова е веројатно рецепт кој сте го виделе или сте го пробале, но никогаш не сте го подготвиле сами – сега е вистинското време!
Состојки
За РОЛНИЧКИТЕ ќе ви треба:
- 345 грама брашно
- 3 супени лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- 2 ½ лажички квасец
- 120 милилитри вода
- 60 милилитри млеко
- 40 грама путер
- 1 јајце
За ПОЛНЕЊЕТО ќе ви треба:
- 45 грама путер
- 1 ½ супена лажица цимет
- 50 грама шеќер
За ГЛАЗУРАТА ќе ви треба:
- 120 грама шеќер во прав
- 1 лажичка ванила
- 2 супени лажици млеко
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Керамика Округла тава 26см.
Подготовка
Чекор 1: Тестото мора да го подготвите предвреме, па еве ние како правиме – оставете малку од брашното настрана, а 300 грама од него убаво промешајте ги со шеќерот, солта и квасецот.
Чекор 2: Загрејте ги путерот, водата и млекото заедно и потоа помешајте ги со тестото. Додадете го и јајцето и убаво измесете го тестото со рака. Доколку има потреба слободно можете да додадете уште малку брашно.
Оставете го тестото да отстои и да нарасне 30 минути на топло место.
Чекор 3: Полнењето на ролничките направете го од омекнат путер помешан со шеќер и цимет. Убаво мешајте го со рацете додека да омекне.
Чекор 4: Откако тестото ќе стаса повторно малку измесете го со уште малку брашно доколку е потребно, и направете правоаголна форма со дебелина од околу 2 сантиметри. Потоа ставете ја мешавината од цимет и путер во средината и направете ролат. Исечете 8 еднакви парчиња и ставете ги во тавата. Оставете го тестото повторно да стаса и да ја исполни тавата околу 1 час на топло место.
Чекор 5: Ролничките печете ги на 160 степени 25 минути, додека да добијат златна боја. Извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат па потоа ставете ја глазурата.
Таа е едноставна мешавина од шеќер во прав, млеко и екстракт од ванила. Нанесете ја оваа глазура врз ролничките, наросете цимет и готови сте.
Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.
СОВЕТ: Овие ролнички се највкусни топли во комбинација со шолја силно кафе. Тие се навистина специјални и вредат да се вложи труд во нивната подготовка. Можете да се обидете во нив да додадете и парчиња јаболко за специфичен вкус!