Испечати

Сардина тортици со сос од магдонос и капари

Сардина тортици со сос од магдонос и капари

Состојки

  • 500гр. свежи сардини
  • 5 сварени компири
  • 1 тиквица
  • 300гр. свежи шампињони
  • 1/2 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка копар
  • по потреба масло, сол, црн бибер
  • Сос
  • 2 раце магдонос
  • 10 капари
  • 1 лажичка сенф
  • 2 чешниња лук
  • 6 лажици ладно цедено маслиново масло
  • 1 помал лимон (само сокот)
  • За посипување на калапите
  • по потреба лебни трошки

Подготовка

Сардините исчистете ги и посолете ги.
Оставете ги да отстојат за да ја примаат солта.
Во тава на оган со малку масло пропржете го сецканиот кромид и шампињоните.
Во друга тава на малку масло пропржете ја ренданата тиквица и лукот.
Посолете и откако тиквицата ќе омекне додајте ги сварените испасирани компири.
Тргнете ја тавата од оган и додајте ги пропржените шампињони и кромидот.
Посолете, наросете црн бибер и на крај додајте го копарот.
Сето ова убаво измешајте го.

Калапот за мафини премачкајте го со масло и посипете со лебни трошки.
Секоја празнина од калапот обложете ја со 4 сардини.
Ставете од смесата со компири и затворете со крајните делови од сардините.
Посипете со малку презла и масло.
Печете на 200 степени, 10 минути.

Во меѓувреме направете го сосот
Во блендер ставете ги сите состојки за сосот и кратко изблендирајте.

Со овој сос послужете ги малку подоладените сардина тортици.