Чоко амарети
Состојки
- 150гр. мелени бадеми
- 2 лажички брашно
- 2 лажички скроб од пченка
- 180гр. шеќер
- 2 белки од јајца
- 2 лажички естракт од бадеми
- малку масло за јадење
- За глазура
- 100гр. чоколадо
- 1лажица масло за јадење
- 2 лажици кристали од шеќер во боја
Подготовка
1. Загрејте ја рерната на 170степени.
2. Во поголем сад додајте ги мелените бадеми, брашното, скробот од пченка и пола од шеќерот.
3. Во друг сад за матење со миксер матете ги белките и шеќерот додека не добиете цврст снег, потоа додајте го и естрактот од бадеми и матете уште малку додека смесата не стане светкава и цврста.
4. Сувите состојки додајте ги во садот кај белките и мешајте со лажица додека не добиете хомогена смеса.
5.Тавата за печење премачкајте ја со масло за јадење, па врз маслото покријте ја тавата со хартија за печење.
6. Со лажичка земајте од смесата и ставајте врз хартијата формирајки топчиња со растојание од 5 сантиметри.
7. Амаретите печете ги околу 15 до 20 минути додека не се зацрват. Испечените амарети оставете ги да се изладат и тргнете ги од хартијата.
8. За глазурата растопете го чоколадото и маслото на пареа и со готварски шприц нанесете го брз изладените амарети. Попрскајте со кристалите од шеќер.
Излагуваат околу 25 амарети.