Посни пирошки со инстант пире
Состојки
- 300гр. брашно
- 1 коцка квасец
- 1 лажиче сол
- 1 рака инастант пире-прав
- 125гр. маргарин
- 120-тина гр. вода
- за натопување
- 3-4 лажици сенф
- 120гр. вода
- за валкање
- 50гр. презла
- 25гр. сусам
- за поленење
- 220гр. маринирани печурки
- 1 лажица сенф
- и уште масло за пржење
Подготовка
Ова се многу меки пирошки во посно издание.
Од состојките за тесто се меси тесто со вода по потреба до средна јачина на тестото (квасецот го зафаќам внатре во средината на самиот сад со состојките се додека си надојди, после месам). Oткако добро се измеси тестото се дели на топчиња со големина која вие ја посакувате. Oва се разбира зависи од намената, па надојдуваат.
Настрана печурките се отсолуваат во неколку води, се цедат, сечкаат и мешаат со сенф. Во секое топче на средината се става фил или ако сакаме побогати со фил да се тогаш малку се сплоснува на дланка, во средина се става фил, па се затвора од сите страни. Филот во нив секогаш по желба, ова беше само мојот избор.
Затворените топки со фил се макаат во смесата со сенф и вода, па се валкаат во презла со сусам. Натаму следува пржење во врело масло и толку уживајте ги сосема на крај топли или ладни подеднакво се убави.