Испечати

Божиќен куглоф

Божиќен куглоф

Состојки

  • 100гр. суви урми
  • 100гр. суви смокви
  • 100гр. суви кајсии
  • 50гр. сечкани лешници
  • 50гр. сечкани ореви
  • 50гр. сечкани бадеми
  • 100гр. сечкано мешано кандирано овошје + 3 лажици брашно
  • 4 лажици рум
  • 130гр. путер
  • 4 јајца
  • 200гр. шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 100гр. брашно
  • 30гр. густин
  • 1 рамно лажиче прашок за печиво
  • 1 лажиче мелен цимет
  • 1 лажиче сол
  • За украсување
  • 100гр. сечкано мешано кандирано овошје
  • неколку јатки ореви
  • 4 лажици мармалад од портокали (или од кајсии)

Подготовка

Сувото овошје и јаткастите плодови исечкајте ги и ставете ги во еден длабок сад. Додадете го и мешаното кандирано овошје, ставете го румот и убаво промешајте. Поклопете го садот и оставете така да отстои 1 час. Откако овошјето ќе ги впие румот додадете ги трите лажици брашно и убаво промешајте.
Путерот стопете го на тивок оган. На страна, брашното промешајте го со густинот, пецивото, солта и циметот. Јацата заедно со двете врсти на шеќер изматете ги пенесто. Додадете го брашното па потоа и стопениот путер. На крај, со шпатула измешајте го и сувото овошје.
Смесата ставете ја во намастен и набрашнет калап за куглоф. Печете на 175° во претходно загреана рерна, околу 75 минути.
Откако ќе се испече, извадете го од рерна и оставете го колачот 15 мин. во калапот, па потоа префрлете го на тањир.
За украсување, мармаладот процедете го низ ситеста цедилка, загрејте го во тенџере на среден оган. Премачкајте го целиот куглоф и украсете го со јатки од ореви и мешано кандирано овошје.
По желба, може да го прелиете колачот со 100гр. шеќер во прав во кој сте измешале 2-3 лажици рум. Во тој случај изоставете го мармаладот.