3Д елки
Состојки
- 3 јајца
- 120 грама шеќер во прав
- 120 грама маргарин
- 14 супени лажици брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
- 1 мал финџал суво овошје ( брусница, кајсија, суво грозје....)
- 2 реда чоколадо за готвење
- 1 рака ореви
- кора од половина портокал
- 200 грама бело чоколадо за готвење
- 200 грама лупени семки од тиква
- 1 мало лажиче брашно
Подготовка
Конечно си ги подигнав калапите за мафини и одма да се искористат. Овој рецепт го имав запишано уште од лани и сега му дојде редот. Прв пат го правев и таман дојде како мала пракса пред празниците .
1. Најпрво јајцата и шеќерот во прав ги матиме со миксер. Потоа го додаваме маргаринот кој треба малку да е подстопен и продолжуваме да матиме со миксерот. Одкако смесата ќе се соедни го исклучуваме микерот и понатаму мешаме со лажица.
2. Ги додаваме брашното, пецивото, ванилата и кората од половина портокал и мешаме со лажица и на крај ги додаваме оревите, чоколадото исецкано на ситни парчиња ( не рендано за да се осети вкусот ) и сувото овошје. Јас користев брусница и кајсии меѓутоа може да се стави и друго по ваш избор.
3. Од хартија за печење правиме конуси и ги прицврстуваме со чепкалки кои претходно сме ги потопиле во вода. ( слика )
4. Калапите за мафини ги полниме со брашно и убаво го стегаме брашното. Прво на средина со нож правиме мал отвор ( бидејќи брашното треба да е збиено) и ги ставаме конусите со врвот надолу. (слика)
5. Смесата ја ставаме во готварски шприц и ги полниме конусите 3/4 да не се скроз догоре бидејќи ќе пораснат во печењето. Треба да работите многу внимателно. Доколку имате некои повисоки садови или чаши кои се огноотпорни можете конусите во такви да ги правите.
6. Јас направив 6 елки и 6 обични мафини.
7. Печеме во загреана рерна на 170-180 степени околу 10-12 минути зависно од рерната.
8. Кога се готови елките ги оставаме да се оладат.
9. Во меѓувреме семките од тиква со нож ги сецкаме на ситни парчиња. Оригиналниот рецепт беше со фстаци ама некако скапо ми се гледаше и одма друга алтернатива се најде.
10. Белото чоколадо го топиме на пареа. На елките им ја отстрануваме хартијата и ги ставаме на рамна површина со врвот нагоре. Доколку не можат да стојат пресечете малку од долниот дел.
11. Секоја елка со лажица ја премачкуваме со бело чоколадо ( не мора многу колку да подбели) и одма ги валаме во семките од тиква за да се залепат и ги оставаме да се стврдне чоколадото. Одгоре на секоја елка со лажица ставаме по малку од чоколадото за да изгледа како снег и оставаме слободно да се разлие.
12. За украсување може да користите разни бисерчиња како лампиони, а јас ги украсив вака. Во еден финџал ставив едно лажиче брашно, едно лажиче шеќер во прав, малку црвена прехрамбена боја и малце вода и мешаме колку да се добие погуста смеса. Од хартија правиме мал конус со мал отвор , ја ставаме смесата внатре и ги украсуваме елките со лампиони.
И ете готови се за послужување.
На здравје !