Испечати

Пилешка салата со ананас

Пилешка салата со ананас

Состојки

  • 3 пилешки батаци со карабатаци
  • 350гр. ананас од конзерва
  • 120гр. ориз
  • 350гр. замрзната пченка
  • 200мл. мајонез
  • 2дл. кисела павлака

Подготовка

1. Пилешкото го вариме во солена вода. Оставаме да излади, па го чистиме од кожата и коските и го сецкаме на ситни делови.

2. Оризот го вариме во солена вода во која сме додале и малку масло, ја истураме водата во која се варел, плакниме со ладна вода и оставаме на цедалка убаво да се исцеди.

3. Исто и пченката ја вариме (по упатството на кесичката) и ја цедиме од вишокот на вода.

4. Ананасот го цедиме од вишокот на течноста и го сецкаме на коцки.

5. Во подлабок сад ги соединуваме сите состојки. Посебно ги соединуваме мајонезот и павлаката, зачинуваме со мелена црна пипер и додаваме во длабокиот сад. По потреба посолуваме, убаво промешуваме да се спојат состојките. Ставаме во кутија со капак и ја ставаме во фрижидер на 2 часа, најмалку, за да се спојат вкусовите. Сервираме и послужуваме...
На здравје!!!