Панцероти со слатко од цреши
Состојки
- 250гр. брашно
- 1/2 коцка квасец
- 30гр. растопен маргарин
- 25гр. шеќер
- 1 ванила
- 1/4 лажичка каранфилче во прав
- прстофат сол
- по потреба млака вода
- За полнење
- по потреба домашно слатко од цреши
- За посипување
- по потреба шеќер во прав
Подготовка
Во подлабок сад ставете го брашното, квасецот, растопениот маргарин, шеќерот, ванилата, прстофат сол и со малка вода замесете средно меко нелепливо тесто.
Откако ќе оформите топка од тестото додајте го меленото каранфилче и пак убаво умесете.
Оставете го тестото да отстои 1 час.
Откако тестото ќе отстои поделете го на мали топчиња.
Секое топче расукајте го во мала кора (големината колку отворот на калапчето што го користев).
На едната половина од тестото ставете од слаткото и поклопете со другата половина од тестото.
Вака приготвените панцероти наредете ги во плех обложен со хартија.
Врз секоја панцерота ставете парченца маргарин.
Печете на 200 степени, 15-20 минути.
Откако малку ќе подоладат посипете ги со шеќер во прав и послужете.