Солена торта со тост лепчиња
Состојки
- 12 рибанчиња тост леб со маслинки
- 150-200 гр мајонез или тартар сос
- 4-5 лажици павлака кисела
- 200 гр сирење (може и фета)
- 50-70 гр шунка
- 2-3 варени јајца
- 10-тина маслинки ситно сечкани
- 1-2 кисели краставички (од туршија) ситно сечкани
- магдонос (за декорација)
Подготовка
1. Од тост лепчињата се отстрануваат корчињата.
2. Се редат три реда со по 4 рибанчиња.Така тортата ќе има три реда и три фила.
3. Со миксерот се мати дробеното сирење со павлаката и мајонезот. Смесата се дели на 3 дела и во нив се додаваат
-1 фил-Варените јајца изрендани и 1 лажица мешан сув зачин
-2 фил-Рендана шунка
-3 фил-Ситно сечканите маслинки и киселите краставички.
4. Јас редев - ред со 4 рибанчиња од лебот и прво филот со варените јајца, па пак ред од рибанчиња, па вториот фил со ренданата шунка и на крај ред од рибанчиња и врз нив филот со сечканите кисели краставичиња и маслинки.
5. Со последниот фил ја премачкав целата торта и декорирав со ситно сечкан магдонос, кисели краставичиња и лентички од кашкавал.
6. Направете ја најмалку еден ден пред да ја служите, за рибанчињата да попримат од влажноста на филот.
........Ова е навидум обична брза торта од леб, но многу е свечена и најбитно од се е многу вкусна. Пробајте ја !