Испечати

Посна паштета од наут и туна

Посна паштета од наут и туна

Состојки

  • 250гр. наут
  • 185 гр. туна од конзерва
  • 50гр. сусамова таан паста (замена сусам мелен)
  • 2 лажици соја сос
  • 2 парченца лук
  • 1 мало лажиче сенф
  • 2 лажици мајонез посен, сол, црн пипер

Подготовка

Наутот се остава преку ноќ да се набабри во вода целосно прекриен, наредноит ден се става на оган да се вари 60-90 минутки да се целосно омекни, се цеди од водата во која варел. Таа вода не се фрла, потребно е одредено количество да се стави при блендирањето на наутот. Неколку чажици 5-6, но внимавајте сеуште треба да е густа блендираната смеса од наут, зашто ова е паштета, не хумус.
Откако се изблендира се префрла и туната да се блендира и таа без масло добро исцедена, се става сенфот и мајонезот, се хомогенизира смесата, се додава кај наутот.
Се доставаат сите зачински состојки внатре и се соли по вкус. Оставете ја некој саат во фрижидер добро да се спојат вкусовите, а потоа ви нуди прекрасна паштета. Дали ќе ја премачкате на лепче или ќе ја послужите во склоп на посна трпеза како крем салата останува на вас.