Испечати

Тикварник со суво овошје и јаболка

Тикварник со суво овошје и јаболка

Состојки

  • 1 мала тиква (крушкаста)
  • 4 големи јаболки
  • 250гр суви сливи
  • 100 гр суво грозје
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка морско оревче

Подготовка

Се лупат и сечат јаболките и тиквата на коцки. Се редат во тава прво јаболките, па сувото овошје па тиквата. Се посипува со цимет и морско оревче и без промешување се пече на 200 степени дури не омекне тиквата. На половина печење се промешува да не фати кора.

Пријатно јадење!