Брусница пралине
Состојки
- 125гр. шеќер
- 4 лажици вода
- 100гр. маргарин
- 100гр. бело чоколадо
- 150гр. млеко во прав
- 60гр. брусница сечкана
- 100гр. сечкани лешници
- за чоколадирање бело и црно чоколадо
Подготовка
Смесата за овие популарно наречени пралине колачиња, се подготвува така што се вари шеќерот со водата да се истпои, се става маргаринот и чоколадото, но само да се топат, никако да не провријат. Се трга на страна, се додаваат сите останати состојки.
Секоја форма од силиконски калапчиња се премачкува со топено чоколадо со силиконско четче, па се става во замрзнувач некоја минутка да се здрви, се повторува постапката пак ако е потребно и по трет пат. На секои 100гр. чоколадо додавам 3 лажици масло само се топи на тивко. Се полнат калапите со 2/3 од подготвениот фил и се затвораат со слој чоколадо најгоре.
За декорација искористив портокал прехрамбена боја во бело чоколадо.