Испечати

Застаклени бомбички со суво овошје

Застаклени бомбички со суво овошје

Состојки

  • 100 гр. смокви
  • 50 гр. суви модри сливи
  • 50 гр. сецкани ореви
  • 80 гр. мелени бискоти
  • 80 гр. маргарин
  • 80 гр. шекер
  • 1 лажица мармалад од кајсии или праски
  • 5 лажици вода
  • За прелевање
  • произволно шеќер

Подготовка

За смесата
- Најпрвин ситно исецкајте го сувото овошје кое што можете да го замените со друго кое вие го обожавате, измешајте со мелените бискоти.
- Во касерола ставете да истопите маргаринот, шеќерот со петте лажици вода, бомбички и оставете да се оладат, па со така топла добиена смеса прелијте преку мешавината од овошјето и бискотите. Додадете мармаладот - измешајте.
- Правете бомбички и оставете да се оладат.

Карамел
Произволно ставете шеќер, додадете малку - сосема малку вода и ставете да се стопи - да добиете карамел.
Во вака стопениот карамел додека е топол умакувајте ги добро оладените на чачкалица ставени бомбички или преливајте ги со лажичка.
Извадете од чачкалицата и ствете во подметачите.

Совет
- Може да го направите карамелот и само од шеќер, јас додавам малку вода, а честопати ставам и сосема малку маргарин, вие како сакате.
- Овошјето како што кажав можете да го замените со вие кое го сакате.
- Најчесто ги ставам бомбичките на хартија за печење и со лажичка ги полевам. Мора карамелот да ви биде топол. Мора да бидат добро оладени доколку ги ставите на чачкалица и да ги умакувате, ако не се оладени тогаш бомбичките ќе ви пагаат во карамелот.