Испечати

Празнични колачи за 2014г

Празнични колачи за 2014г

Состојки

  • 4 жолчки
  • 1 цело јајце
  • 2 чаши од јогурт мед
  • 1 чаша од јогурт масло
  • 1 чаша од јогурт шеќер
  • 1/2 чаша од јогурт млеко
  • 1 полна лажица сода бикарбона
  • 2 лажици ванила
  • 2 лажици цимет
  • 1кг брашно
  • Бела глазура-ројал ајсинг
  • 1 белка од јајце
  • 250гр шеќер во прав
  • сок од 1 лимон

Подготовка

Секоја година ги правиме со мојата Еми овие колачиња. Тие се вистинско уживање за правење и релаксирање. Но најпрво да се пушти фантазијата и да се почне со работа.

Од сите состојки се замесува глатко тесто и се остава да се одмори 20мин. Потоа се сучи кора и со калапите од делимано се прават различни форми. Бидејки и беше желба на Еми да направиме слатка кука, така и направивме и тоа е нејзино ремек дело. Колачите се печат на 180С -15мин. Кога ќе се испечат се оставаат во плехот да се малку оладат и на допир мора да бидат меки.

Глазура
Белката се мати на средна брзина со миксер и постепено се додава шеќерот во прав. Треба да се добие густа смеса и постепено се додава малку лимонов сок(1лажица) Да не биде многу ретка смесата. Се става во кеса се засечува на врвот и се украсуваат колачињата.
Ако сакате може да се стават и прехрамбени бои и смесата за украс да биде во различни бои.
Срекни празници!