Посни панцероти со компир (без масло)
Состојки
- Тесто
- 1 средно голем варен компир
- 200мл. млака вода
- 1 пакетче квасец
- 1/2 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- по потреба брашно
- Фил
- 200гр. маринирани печурки (шампињони, буковки)
- 200мл. кечап
- по вкус оригано и бибер
Подготовка
1. Во помал сад на страна ставете го квасецот, шеќерот, 1 лажица брашно и 100мл. вода, промешајте и оставете да се активира. Во садот во кој ќе месите ставете го испасираниот компир, посолете, додадете го активираниот квасец и уште 100мл. вода и промешајте. Потоа постепено додавајте брашно додека добиете убаво, меко и малку лепливо тесто (внимавајте да не претерате со брашното). Покријте со крпа и оставете на топло да стасува.
2. Кога тестото ќе стаса ставете го на набрашнета работна маса и премесете кратко. Поделете го на онолку делови колку што сакате да направите пици (помали или поголеми по ваша желба). Секое топче со сукало малку развлечете го, премачкајте со кечапот, наросете оригано и на едниот крај ставете од сецканите печурки. Преклопете и убаво стиснете за да се залепат краевите. Наредете ги само во набрашнет плех. Пред печење со четка поминете ги со млака вода и наросете сусам или друго по избор. Ставете да се печат во загреана рерна. Пред крај може да им ставите и солен прелив. Нека се изладат малку па послужете.
Добар апетит =)