Белгиски вафли
Состојки
- 1 шоља (од 250 мл) брашно
- 1 шоља млеко
- 1 големо јајце
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче прашок за печиво
- 1 лажица масло
- прстофат сол
- 1 ванилин шеќер
Подготовка
Во еден сад изматете ги жолчката, шеќерот, ванилата, маслото, брашното, прашокот за печиво и млекото. Во друг сад изматете ја белката со прстофат сол во густ снег. Потоа постепено додајте ја белката во другата смеса и измешајте со лажица. Внимавајте да не ја измешате премногу смесата.
Апаратот за вафли загрејте го и намачкајте го со сосема малку масло. Ставете од смесата и печете ги вафлите околу 3 минути.
Од оваа смеса мене ми излегоа 8 вафли. Лесни се, воздушести и многу вкусни. Може да ги јадете со чоколаден крем, мармалад, пржени јаболки, само со прав шеќер или нешто друго по ваш вкус.
Пријатен апетит!
Напомена
Белките секогаш матете ги со чисти маталки и во чист и сув сад, инаку нема да се изматат.