Испечати

Шарени божиќни ѕвезди

Шарени божиќни ѕвезди

Состојки

  • 250гр. брашно
  • на врв на нож прашок за печиво
  • 100гр. шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • на врв на нож мелен цимет
  • на врв на нож мелено каранфилче
  • на врв на нож мелен кардамом
  • на врв на нож мелен анис
  • 1 јајце
  • 125гр. путер омекнат
  • Глазура
  • 100гр. чоколадо за готвење
  • 1 лажиче зејтин
  • шарени шеќерни перли

Подготовка

Сите состојки за тестото заедно со зачините ставете ги во еден длабок сад и изматете ги со миксер со спиралните маталки. На крај измесете ја смесата со раце за да добиете мазно тесто.
Работната површина набрашнете ја и развлечете тенка кора од тестото. Со модлици во две различни големини вадете ѕвезди (ист број од двете форми). Ставајте ги во плех на хартија за печење и печете ги 8-10 минути на 180° во претходно загреана рерна. Откако ќе се испечат оставете ги убаво да се оладат.
За тоа време подгответе ја глазурата. Чоколадото искршете го на коцки, па заедно со зејтинот ставете го на пареа да се стопи.
Големите ѕвезди премачкајте ги со глазурата и одозгора ставете ги малите ѕвезди така да се гледаат аглите од големите ѕвезди кои ќе ги наросите со шеќерните шарени перли.
Оставете ги да се стегне чоколадната глазура па потоа послужете.
Затворени убаво во кутија можат да траат 3-4 недели.