Испечати

Ванилици од детството (со жолчки и јогурт)

Ванилици од детството (со жолчки и јогурт)

Состојки

  • 500гр свинска маст
  • 6 жолчки
  • 1 пециво
  • 1 и пол шоља шеќер
  • 1 шоља јогурт
  • брашно по потреба (1 -1,2 кг)
  • За валкање
  • по потреба шеќер во прав

Подготовка

Најпрво се матат жолчките па се додава маста со шеќерот и останатите состојки. Потоа постепено се додава брашното и се меси средно тесто.
Се сука кора дебела 1см и се сечат со калапче фигури.
Се печат во загреана рерна на 200степени 25мин. Се лепат ванилките две по две со мармелада и се валкаат во шеќер во прав.

На здравје!