Ролати со суво овошје
Состојки
- 250гр сечкани ореви
- 250гр сечкани суви смокви
- 250гр суво грозје
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша брашно
- 2 цели јајца
- 1 белка од јајце
Подготовка
Од сите состојки се меси хомогена смеса и се прават 2 ролата. Се ставаат ролатите во подмачкан плех се премачкуваат со преостанатата жолчка и се печи во загреана релна на 180степени околу 30мин во зависност од вашата релна.
Кога ќе се олади колачот поубаво се сечи. На здравје!