Линцер колачиња со свинска маст
Состојки
- за тесто
- 125гр. свинска маст (сало)
- 2 ванили
- 100гр. шеќер
- на врв од нож сол
- 1 цело јајце
- 1 жолчка
- рендана кора од лимон
- 100гр. мелен орев
- 250гр. брашно
- Уште ќе ни е потребно
- по потреба/желба шеќер во прав
Подготовка
Божиќни празнични колачиња, кои се спремаат од памти век. Ги сакаме подеднакво и ние возрасните и децата....
Пенасто се матат салото, двата вида на шеќер, солта, јајцето и жолчката. Се додава просеаното и помешаното брашно со кората од лимонот и мелените ореви и со рака се замесува мазно, сјајно, средно меко тесто, кое не се лепи за раце. Го завиткуваме со најлонска фолија и ставаме во фрижидер да отстои 1час.
Од тестото отвораме кора помеѓу две најлонски фолии ( за да не ни се лепи и да нема додатно додавање на брашно) со дебелина од 5 мм. Со разни калапи во различни облици вадиме колачиња, кои половина ќе бидат полни, а половината со отвор. Се печат во загреана рерна 8-10мин. на 200Ц.степени. Треба да останат бели. Ги оставаме да изладат.
Полните форми ги премачкуваме со мармалад, а тие со отворот ги наросуваме (со помош на цедалка) со шеќер во прав помешан со ванила. Ги чуваме во лимена кутија со капак. Колку стојат, толку подобри се...
*Дел од колачињата пред печење можи да ги намачкаме со благо разматена белка (таа што остана при замесувањето) и посолиме со сецкани оревчиња.