Видео рецепт: Пудинг од круши и ѓумбир со прелив од тесто
Ова десерт е верзија на англискиот “Пудинг од јаболка со прелив од тесто“. Овошјето се вари во шеќер и зачини и потоа се пече заедно со кората која делува како да е од дробени состојки. Се работи за брз и лесен десерт кој ќе ви ги развесели тмурните зимски денови.
Состојки
- 3 големи круши
- 1 парче свеж ѓумбир
- 1 супена лажица ѓумбир во прав
- ½ шолја вода
- 50 грама кафеав шеќер
За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
- 100 грама кафеав шеќер
- 200 грама брашно
- 100 грама путер
- Сладолед за послужување
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Правоаголна тава и Длабока тава со рачки.
Подготовка
Чекор 1: Излупете го и исечкајте го ѓумбирот на мали парчиња и потоа ставете го во тава заедно со шеќерот. Пржете додека шеќерот не се карамелизира и додека ѓумбирот не ги ослободи своите вкусови.
Чекор 2: Излупете ги крушите и исечкајте ги на коцки. За овој рецепт ви се потребни 3 поголеми круши. Ставете ги во карамелизираниот ѓумбир и додадете ½ чаша вода. Варете 5 минути колку да омекнат крушите. За посилен вкус ставете и малку ѓумбир во прав.
Чекор 3: Во меѓувреме направете ја кората со тоа што ќе ги измешате убаво брашното и путерот со рацете додека да почнат да се ронат. Потоа додадете го кафеавиот шеќер. Подготовката на оваа кора е поуспешна доколку путерот е ладен.
Чекор 4: Прекријте ја рамномерно мешавината од круши со тестото и печете во загреана рерна 35 минути на 160 степени додека да се испече кората и да добие златна боја.
Послужете го топол и додадете сладолед, по желба. Ние карамелизиравме и ѓумбир како дополнителна декорација.
СОВЕТ: Традиционално,овој рецепт се подготвува со јаболка, но слободно комбинирајте јаболка со боровинки, праски, цреши – зависно од сезоната. Во секој случај најдобро е да го послужите топол со крем во текот на зимата.