Рускин чоколаден колач
Состојки
- Тесто
- 2 чаши (од 250мл.) јогурт
- 1/2 чаша зејтин
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши брашно
- 1 полна лажица сода
- на врв нож сол
- 2 полни лажици какао
- 1 лажица ванила
- Фил
- 500мл. млеко
- 16 лажици шеќер
- 1 лажица ванила
- 200гр. чоколадо за готвење
- 200гр. ореви (мелени + сецкани)
Подготовка
Рецептот ми е од мојата драга тетка Руска, па ете како мала благодарност нека го носи и нејзиното име. Колачот е многу едноставен за спремање, а одличен ... мора да го пробате =)
1. Во поголем сад просејте го брашното помешано со содата, солта и какаото, додадете го и шеќерот па убаво со лажица измешајте. Потоа додадете ги јогуртот и зејтинот и убаво измешајте да нема грутчиња. Во намрсен плех бр. 40 претурете ја смесата и ставете да се пече во загреана рерна. Се пече на 220С додека тестото не се крене и не фати кора, а потоа се намалува на 180С (ако има потреба и покријте со алу фолија). Се пече околу 45-50 мин, ќе си проверите со чепкалка. Извадете го и оставете скоро целосно да се олади во плехот.
2. За филот ... сите состојки освен оревите ставете ги во тенџере на оган и мешајте додека чоколадото не се растопи. Потоа исклучете, додадете ги и оревите и убаво промешајте.
3. Кога колачот е скоро оладен, убаво и густо избоцкајте го со вилушка до доле. Прелијте со топлиот фил и оставете да се олади. Кога е оладено посипете го со сецкани ореви и послужете.
Добар апетит =)