Испечати

Топчиња од мелено месо на стапчиња цимет

Топчиња од мелено месо на стапчиња цимет

Состојки

  • 400 гр мелено месо (по желба, може и пилешко)
  • 50 гр ситно рендан кашкавал
  • 2 лажици ситно сецкан магдонос
  • 1 чешне лук, ситно исецкано
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/3 лажичка мелен бибер
  • И уште
  • 20 стапчиња цимет
  • неколку лажици намаз од рен

Подготовка

Сите состојки убаво измешајте ги и оставете ја смесата малку да се одмори. Потоа формирајте 20 топчиња. Во секое од топчињата втиснете стапче цимет и поправете ја малку формата.
Вака спремените топчиња пржете ги на загреано масло на средна температура додека не заруменат од сите страни.
Послужете ги топли со малку рен. Одлично си одговараат!