Ванилиците на Марга
Состојки
- 1 (250гр) маргарин
- 1 чаша шеќер во прав
- 1 чаша масло
- 1 чаша млака вода
- 1 чаша мелени ореви
- 1 пециво
- 800 - 1000 г брашно
Подготовка
Овој рецепт е од мојата пријателка Марга која е одлична домаќинка. Ова е стар рецепт за ванилици.
1. Маргаринот го биеме со миксер. Го додаваме и шеќерот во прав и биеме уште малку. Потоа ги додаваме маслото, млаката вода, оревите, пецивото и брашното. Замесуваме тесто.
2. Тетсото го остаавме да стои 1 час.
3. Сучиме кора со дебелина од ½ цм и вадиме форми. Ги редиме во плех обложен со хартија за пешење.
4. Ванилиците ги печиме на 180 степени 15 минути. Ги оставаме малку да се подизладат.
5. По 2 ванилици ги лепиме со мармалад. Потоа ги валкаме во шеќер во прав.
Забелешка – чашата е од 250 мл.