Лепчиња со сода без масло
Состојки
- 300гр. брашно
- 1 лажичка сол
- 1 неполна лажичка сода бикарбона
- прстофат шеќер
- околу 130мл. млака вода
- За премачкувања на тавата
- по потреба восок
Подготовка
Бидејќи е време на пости, во деновите кога се пости без масло може да си ги пробате овие лепчиња подготвени од наједностаните состојки.
Во сад ставете ги брашното, солта, содата, шеќерот и со млака вода замесете тесто.
Поделете го тестото на 6 топчиња и оставете да отстојат 30 минути.
После 30 минути со раце од секое топче оформете лепче.
Тавата (нелеплива) премачкајте ја со восокот и пржете ги лепчињата од двете страни по 3-5 минути.