Пилешко со прелив
Состојки
- 4 парчиња копан со подкопан,сенф
- 3 моркови
- 2 глави кромид
- 5-6 лажици масло
- 1 лажица сув зачин
- 1 мала паковка шампињони (220гр.)
- за преливање
- 1 кисела павлака
- 1 јајце
- 100мл. вода
- 20гр. сенф
Подготовка
Еве едно фамилијарно тавче обично оди на мени за викенд.
Месото треба да се исчисти од кожа и коски па се намачкува со сенф и сол, да си стои 30минути.
Се пржи кромидот исецкан, морковот внатре и се става пилешкото на парчиња исечено, па печурките, кога се зацрват се додава вода (отприлика 1 филџанче од кафе) се покрива со капак и се готви на тивко. При крај кога испари течноста се зачинува по сопствен вкус.
Настрана се мешаат сите продукти за преливот. Се префрла во ватростален сад месото со зеленчук и одозгора се става преливот, па се потпекува в релнана 200 да си фати коричка. За прилог можи печен компир или ориз, па и само со салата е доволно.