Бела торта со вишни
Состојки
- Пандишпан
- 4 белки
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 1/2 прашок за пециво
- Прелив
- 100 мл млеко
- 3 лажици шеќер
- 1/2 чашка рум
- Фил
- 4 жолчки
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици густин
- 1 ванилин шеќер
- 500 мл млеко
- 125 гр шеќер во прав
- 125 гр путер
- И уште...
- 1 шлаг пена
- мармалад од вишни
Подготовка
За пандишпанот белките се матат со шеќерот додека не се добие густ снег. Се додава брашното и прашокот за пециво и се меша со лажица. Се става во кружно тавче (Ф24 или 26) обложено со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 180 степени. Не знам колку време е потребно бидејќи секогаш правам нешто паралелно со тортата, па никогаш не сум измерила. Мислам дека не треба да се пече повеќе од 15 минути.
Кога е печено се вади хартијата за печење, се става на чинијата и се прелива со врелото млеко со шеќер и рум. Пандишпанот се боцка со вилушка на повеќе места за да го впие преливот.
За филот, жолчките се мешаат со 2 лажици шеќер, со густинот и со малку млеко. Треба да се добие мазна густа смеса, без грутчиња. Останатото млеко се става да зоврие заедно со 2 лажици шеќер и ванилата. Кога е врело се става смесата со густин и се вари крем како пудинг. Кога ќе се згусне се трга од оганот и се покрива со проѕирна фолија, директно на кремот за да не фати кора и се остава да се олади.
Путерот се мати пенесто со шеќерот во прав. Потоа се додава изладениот крем и убаво се мати.
Изладениот пандишпан се премачкува со мармалад од вишни. Потоа се става изматениот фил. Одозгора се премачкува со изматена шлаг пена по упатството на кесичката и се декорира по желба.
Тортата е лесна и кремаста. Оригиналниот рецепт е без мармаладот, но јас ретко кога го спремам по оригиналот иако и така е многу вкусно. Во кремот може да се додаде растопена чоколада, изрендана чоколада, кандирано овошје или нешто по ваш вкус. Еднаш ја правев со свежи малини и беше преубава.