Испечати

Завиено Полпетоне

Завиено Полпетоне

Состојки

  • За полпетонето
  • 650 гр мешано мелено месо
  • 1/2 главица рендан кромид
  • 1 чешне сецкан лук
  • 7-8 лажици (80 гр) презла
  • 3 лажици сецкан магдонос
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1/4 лажиче рендано морско оревче
  • 2 јајца
  • по потреба масло и вода за во тавата
  • Зачински билки
  • 2 листа ловор, ситно исецкан
  • 1 чешне лук, ситно исецкано
  • 1 лажиче сув рузмарин
  • 1 лажиче сува жалфија
  • 1 лажиче мајчина душица
  • 1 мало лажиче сол
  • 1/4 бибер
  • За виткање полпетонето
  • 4 (450 гр) телешки шницли
  • За прилог
  • 4 компири
  • 4-5 моркови
  • 2 раце грашок

Подготовка

Најпрво се подготвува полпетонето.
Во сад ставете го меленото месо и додајте ги сите останати состојки. Со рака измесете го да се добие изедначена смеса. Потоа на малку намрсена дрвена даска со нарсени раце направете полпетоне околу 22 цм.
На хартија за печење распоредете ги шницлите како правоаголник, ставете го полпетонето и завиткајте го од сите страни. Потоа врзете го со кујнски конец.
Во чинија ставете ги зачинските билки, измешајте ги и истријте го целото месо.
Ставете го во плехче за печење, попрскајте го со масло, додајте една чаша вода и покријте го со фолија. Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 мин.
Во меѓувреме излупете ги компирите и морковите и исечете ги на парчина.
После 40-на мин извадете го од рерната и додајте ги компирите и морковите. Повторно покриено со фолијата ставете го да се пече уште 40-на мин. При крај додајте го грашокот и малку вода ако е потребно за да не се исуши премногу сосот.
Кога е печено оставете го неколку минути да подизлади, извадете го конецот, исечете го на парчина и сервирајте го заедно со прилогот и салата по желба.